Збесната мачка ја нападнала сопственичката - жената завршила во болница

Хелена Силвер која е голем љубител на мачки доживеала непријатно искуство кога нејзината мачка која ја чува со години ја нападнала и и нанела 11 рани.

Жената се подготвувала да си легне кога мачката одеднаш се степала со мачка од соседството, при што збесната во еден момент преку прозорец влегла во куќата на сопственичката и ја нападнала и неа. Мачката на несреќната жена и ги зарила забите во рамото, а потоа и бесно ја гризала во пределот на рацете. 

Жената која не можела да поверува што и се случува во еден момент успеала да се одбрани и да повика брза помош. Во болница поминала цела недела поради сериозни повреди од своето домашно милениче.

Извор: Ало.рс

најчитано сега