Творецот на овцата Доли: Ќе ги вратиме мамутите!

Еден од пионирите на клонирањето, научникот од Единбург кој ја клонираше овцата Доли, Иан Вилмут, тврди дека клетки извлечени од мамут би можеле да овозможат мамутите да се вратат од мртвите.

- Бев скептичен за целата идеја, но знаев дека ако ја прејдеме првата препрека и извлечеме клетки од мамутите, еден ден ќе можеме да створиме нешто корисно и интересно, вели научникот.

- Мислам дека ова е можно но мора да обезбедиме врвна нега за животните, ако има реални шанси да се родат здрави, додава тој.

Инаку, мамутите владееле со светот пред десетици илјади години. Нивниот број почнал да се намалува во Северна Америка и Евро-Азија.

Научникот објаснува дека треба да се најдат здрави клетки, како од мамут така и од некоја сродна врста животни. 

 

најчитано сега