Пејачот Џејмс Блант по грешка ја испратил својата нова песна до цела Британија

 

Џејмс Блант по грешка ја испратил по меил новата песна „Bonfire Heart“ до милиони луѓе од цела Британија.

- Сакав да бидеш првиот што ќе го слушнеш мојот нов сингл, гласела реченицата со која што Блант сакал да ја испрати песната, но со еден погрешен клик наместо на посакуваната личност, пејачот ја пратил песната на цела Британија.

Набргу по ова, Џејмс на својот твитер профил напиша: - „Упс! По грешка испратив меил до сите во Велика Британија“.

 

најчитано сега