Асанж- Пресудата на амерканскиот војник Мамнинг е „опасен преседан“

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж изјави дека пресудата на американскиот војник Бредли Манинг, под обвинеие за шпионажа, претставува „опасен преседан“.

25-годишниот Манинг во текот на судењето призна дека му предал на „Викиликс“ стотици илјадници доверливи и тајни документи, но се бранеше дека со својата постапка сакал само да се отвори јавна дебата за американската надворешна политика.

Манинг, кој беше обвинет за вкупно 20 разни кривични дела, меѓу кои и за грабеж и за комјутерска измама, беше осуден за сите дела, освен за првото, за помагање на непријателот. Тој се уште може да добие максимална казна до 136 години.

Според основачот на Викиликс, судењето на американскиот војник Манинг „ниту во еден момент не било фер“. Асанж смета дека војникот за ништо не е виновен, туку дека станува збор за храбар потег во настојувањето да се обезбеди владина транспарентност.

- Во овој случај нема вина, туку судењето е организирано за да се поправи повредената гордост на САД, тврди Џулијан Асанж.

најчитано сега