Држава во Мексико одобри склучување хомосексуални бракови

Членовите на парламентот на сојузната држава Колима во Мексико, одобрија истополови бракови.

Со новиот закон  геј-паровите имаат бројни социјални бенефиции, слични како оние на хетеросексуалците.

Инаку, во Мексико хомосексуалните бракови се дозволени во Мексико Сити, Оаксака и во Кинтана Ро.