Руски пратеник: Жените да имаат одмор во 'оние денови од месецот'

Член на рускиот парламент, Михаил Дегтјартов, побара денеска жените да имаат два слободни денови кои ќе им бидат платени, додека им се оние денови од месецот.

Политичарот напиша на својот Интернет сајт дека жените треба да одмараат за време на менструалниот циклус, а сето тоа да им биде платено: - Жените во тие денови од месецот доживуваат и психолошки и физички промени и непријатност. Болката која ја чуствува понежниот пол е понекогаш толку интензивна што ги спречува да си ги извршуваат обврските. Понекогаш се толку јаки што е потребно да се вика брза помош.

Под ова пратеникот додаде: - Што мислите за мојот предлог?

ФОТО: Доктори.мк

најчитано сега