Двајца млади кумановчани си растеле 310 стебла марихуана

МВР откри и санкционираше две 20-годишни момчиња од Слупчане, кои си одгледувале 310 стебла марихуана.

 Е.А.(20) и Р.А.(20), двајцата од село Слупчане заработија кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на април годинава, момчињата нелегално набавиле семе од растението „канабис сатива“ и го засадиле на парцела во атар на село Алешевце. Тие од април, си одгледувале и полевале 310 стебла од растението. На 24. јули, полициски службеници полициски службеници ги пронашле и ги откорнале стеблата.

Двете момчиња добија мерка притвор во траење од 30 дена.

 

најчитано сега