Британската централна банка призна: Им помагала на нацистите да го пласираат украденото чехословачко злато

Речиси 70 години по завршувањето на Втората светска војна „Банкaта на Англија“ призна дека им помагала на германските нацисти да го пласираат украденото чехословачко злато, пренесе ИТАР-ТАСС.

Документот објаснува една од темните страници на историјата на „Банкaта на Англија“,  периодот веднаш по почетокот на нацистичката окупација на Чехословачка, во 1939 година. Записот посочува дека британскиот банкарски регулатор тогаш го продавал „жолтиот метал“ од име на германската „Рајхсбанк“.

Над 2.000 шипки злато од чехословачката Централна банка нацистите едноставно ги „префрлиле“ од една сметка на друга. Самото злато во својот поголем дел се наоѓало во Лондон. Во март 1939 година златото, во вредност од 5,6 милиони тогашни британски фунти, било префрлено од сметката на чехословачката Национална банка на сметка на „Рајхсбанк“.

Според весникот „Дејли телеграф“ по облоденетиот скандал златото било пласирано во Белгија, Холандија и самата Велика Британија. По окупацијата на нацистите на Чехословачка, Лондон ги замрзнал сите активи на земјата во британската Империја.

Според оценка на весникот, денешната вредност на одземеното злато изнесува 736 милиони фунти (над 1,1 милијарда долари).

По отпочнувањето на Втората светскна војна британската влада инсистирала „Банкaта на Англија“ да не работи според насоките на Банката за меунардони порамнувања од Базел, „ако тоа јавно е од корист на непријателот “, посочува руската агенција. 

најчитано сега