Масовниот убиец Брејвик сака да студира

 

Масовниот убиец од Норвешка Андерс Брејвик кој отслужува затворска казна за убиство на 77 лица во 2011 година, сака да студира политички науки на Универзитетот во Осло.

- Ги добивме документите за негов упис, изјави ректорот на Институтот за политички науки на Универзитетот во Осло, Оле Петер Отерсен, кој додаде дека не знае дали неговото барање за упис ќе биде прифатено.

Инаку, Норвежанецот отслужува 21-годишна затворска казна.

најчитано сега