Машиновозачот разговарал на телефон и возел со голема брзина - еве како дошло до големата железничка несреќа во Шпанија

 

Информациите од „црната кутија“ на возот кој излета од шини и удри во ѕид, при што се запали, а во несреќата 79 лица го загубија животот, покажаа дека машиновозачот во моментот на несреќата разговарал по телефон и возел со брзина од 153 километри на час.

Како што соопштува шпанскиот суд, машиновозачот Франсиско Хосе Гарсон Амо разговарал на телефон со еден од претставниците на државната железничка компанија „Ренфе“ и во исто време читал некој документ, во моментот коба се случила трагедијата.

Несреќата се случи во средата минатата недела во градот Сантјаго де Компостела. Возот излета од шини, удри во ѕид, при што четири вагони се превртеа, а во еден изби пожар. Наместото на настанот загинаа 78 лица, а една Американка почина во болница. Седумдесет луѓе се уште се во болница, од кои 22 во критична состојба. 

Инаку, на машиновозачот му се суди за убиство од небрежност.