Виктор Лилчиќ ќе седне во директорската фотелја на Паско Кузман
Виктор Лилчиќ е новиот директор на Управата за заштита на културно наследство, пишува Курир.
Според информациите на порталот, Владата го именувала Лилчиќ на вчерашната седница. Тој ќе седи во директорската фотелја во наредните четири години.
На вчерашната седница на Владата официјално бил констатиран престанокот на мандатот на досегашниот директор Паско Кузман. Тој пред неколку месеци ги исполни условите за старосна пензија, но, остана на чело на институцијата до назначувањето на новиот директор.
Од Владата ја потврдиле информацијата дека Лилчиќ е новиот директор на Управата за заштита на културно наследство. Тој се пријавил на првиот јавен повик за пројавување интерес за ангажман на раководни функции каде беше предвидена и оваа позиција.
Виктор Лилчиќ е професор на Филозофскиот факултет и доктор на археолошки науки.
ФОТО: archaeologica.org.mk