Сопственикот на Трокадеро ја тужи Карлеуша

 

Српскиот портал Ало пренесува дека сопственикот на дискотеката Трокадеро, кој наводно со пиштол ја нападнал Јелена Карлеуша, сега ќе ја тужи  пејачката бидејќи го обвинила, а како што вели, таа вечер не ни бил присутен во локалот.

- Поднесов пријава против Карлеуша. Зборував и со обезбедувањето кое таа го имаше ангажирано за да ја чува таа вечер. Тие ќе одат во полиција за да кажат што се случило. Веројатно и бев интересен поради се што ми се случуваше и порано па се фати за мене. Не сакам моето име вака да се провлекува во медиумите, вели за Ало.рс сопственикот на Трокадеро.

- Имаше 15 луѓе кои ја обезбедуваа пејачката. Веројатно некој ќе видеше да сум извадил шиштол и да сум тргнал по неа, вели сопственикот.

 

најчитано сега