Кенеди бил случајно убиен од член на неговото обезбедување?
Според она што може да се види во најновиот документарец за атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, тој бил усмртен од испукан куршум од страна на агент на тајната служба задолжен за безбедноста на претседателскиот конвој во Далас.
Има повеќе теории и досега се спроведени многу истраги за смртта на Кенеди, но 75 проценти од Американците се' уште не веруваат во официјалната верзија со само еден стрелец. Спроведени се голем број истраги за да се докаже дека 35-годишниот претседател на САД е погоден со два куршуми од две различни локации.
Така, во новиот документарец „JFK: The smoking gun“ кој ќе се емитува по повод 50-годишнината од смртта на Кенеди, годинава во ноември, истакнуваат дека фаталниот куршум бил случајно испукан од агентот на тајната служба, Џорџ Хики, кој се возел во конвојот, во кадилакот, позади претседателскиот автомобил. Според неговата теорија, по првото пукање од кое Кенеди бил погоден во вратот, Хики го грабнал својот пиштол, но при изненадното сопирање на конвојот тој случајно испукал куршум кој го погодил претседателот во тилот.