Голема материјална штета предизвика вчерашната бура во Хрватска

Бурата, што во текот на ноќта го погоди хрватското јадранско крајбрежје, предизвика голема материјална штета, дрвја и гранки носени од ветрот го оневозможија сообраќајот во делови на Сплит и уништија неколку возила, соопштува „Јутарњи лист“.

Во Задар улици се поплавени, а поради силниот ветар, спасувачките служби добиле неколку сигнали за помош од чамци, кои останале во морето.

На места во текот на ноќта врнежите достигнаа 90 литри на метар квадратен, а во близина на Лошињ е паднат град со големина на орев.

Во Шибеник температурата утрово падна до 20 степени, во Задар и Сплит е 21 степени, а во Дубровник – 25 степени.

 
 
22.08.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега