Апел: Донирајте за поплавените во 13 часот пред скопски „Веро Центар“
Денеска во 13 часот пред скопски „Веро Центар“ во населбата Аеродром е организирана акција за собирање помош за граѓаните од поплавените подрачја.
Оваа информација се споделува преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
Бројот на жртва до сега е 20 загинати лица.
Најголем дел од жртвите се од Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде има и најмногу урнати и поплавени куќи, како и уништени возила.
Како што сооштуваат од МВР ноќеска и денеска од МВР се ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа