Џони Деп ќе се пензионира
Холивудскиот актер и миленик на женската публика, Џони Деп можеби ќе се повлече од актерската професија.
50-годишниот актер по кој лудуваат жените ширум светот смета дека доста работел низ годините и дека сака да забави со снимањето на филмови, но би се појавил во продолжението на Пиратите од Карибите и Алиса во земјата на чудата.
Ова е прв пат Џони Деп да каже во јавноста дека ќе се пензионира наскоро.