Итната помош доцнела за спасувањето на патниците од железничката несреќа во Шпанија

Службените податоци за несреќата во Шпанија која ја потресе светската јавност, говорат дека брзата помош и спасувачите не стигнале на време да ги спасат повредените граѓани од возот.

Извештајот за истрагата за железничката несреќа во шпанија во која 79 лица го загубија животот откри дека службите за спасување не дошле на време, пренесе Ројтерс. 

Извештајот кој го има на цели шест страници покажува дека спасувачите многу доцнеле и дека не функционирале на време. 

Инаку, возачот на возот кој ќе одговара за убиство од невнимание, е пуштен со кауција да се брани од слобода.

ФОТО: АФП

најчитано сега