Судири меѓу курдски демонстранти и полицијата во Турција

 

Судири избија меѓу курдските демонстранти и силите за борба против тероризмот во пограничниот турски град Хакари, во југоисточна Анадолија. 

Демонстрантите со маски на лицата дефилирале и извикувале пароли за поддршка на борбата на сириските Курди и Курдската работничка партија (ПКК). Тие исто така поставувале барикади и фрлале кон полицајците со камења, петарди и молотови коктели.

Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Некои од оклопните полициски возила биле опожарени од молотовите коктели. 

ФОТО: Журнал

најчитано сега