Евакуиран авион во Париз - двајца патници полесно повредени

Околу 300 патници беа евакуирани доцна синоќа од авион на француската компанија „Ер Франс“, што требаше да полета од парискиот аеродром Роаси кон Шангај, откако во леталото се појавил густ чад и мирис на сулфур, јави дописникот на МИА од Париз.

Aвионот се наоѓал на пистата кога се појавил чадот, по што сите 298 патници го напуштиле авионот со тобогани. Двајца од патниците беа полесно повредени.

Патниците полетаа за Шангај изутринава со друг авион.

најчитано сега