Мало кученце избркало мечка и и го спасило животот на сопственичката

Ова мало кученце од Њу Џерси дефинитивно докажа дека големината не е секогаш најважна. Иако се работи за мало кученце, тоа успеало да избрка голема мечка од домот на неговата сопственичка, Дебора Епстен.

Сопственичката на териерот во еден момент влегла во својата куќа за да телефонира, но ја заборавила вратата отворена, при што во еден момент во куќата влегла мечка која барала храна. Ова кученце кое нема ни три килограми успеало со своето лаење да ја избрка мечката од куќата, и така за среќа никој не бил повреден.

Сопственичката вели дека е пресреќна и горда на своето куче. Всушност мечката тргнала кон неговата храна, а според зборовите на Дебора, тоа е нешто што не смее да се фаќа.

најчитано сега