ВИДЕО: Трагедија ја потресе Италија - во автобуска несреќа загинаа 36 патници

 

Најмалку 36 лица загинаа, а 11 се повредени синоќа во јужниот дел на Италија, кога автобус излетал од надвозник висок 30 метри.

Несреќата се случила на автопатот А116 меѓу местата Монтефорте Ирпино и Авелино, во близината на Неапол. Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Неапол-Бари неколку часа беше во прекин.

Претставник на локалната полиција соопшти дека засега не се познати причините поради кои возачот ја загубил контролата врз автобусот и тој излетал од надвозникот. Според италијанското национално радио, и возачот загинал при страотната несреќа. 

Агенциите ДПА и ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на анонимни полициски извори, јавија дека е можно да откажале сопирачките на автобусот.

Италијанските медиуми во своите извештаи наведуваат дека најверојатно некои од 54-те патници испаднале од автобусот додека тој паѓал од надвозникот. 

најчитано сега