ФОТО: Љубов во скопски Карпош која ги воодушевува сите
Оваа порака закачена на дрво во скопската населба Карпош 4 е вистинска љубов, пишува Вечер.
Те сакам, со целото срце и ти си пеперутка. Оваа порака, рачно нацртана и напишана вчера е закачена на дрво во скопската населба Карпош 4, кај зградата хармоника. Оставена е пред дена.
Сите жители кои живеат во близина на ова дрво, застануваат да прочитаат и видат и со насмевка го коментираат херојскиот гест.
– Не знаеме кој ја оставил и за кого, но пеперутката веројатно значи дека ја поставило заљубено момче кое ја сака непознатата девојка со цело срце и смета дека е нежна како пеперутка, анализираат среќните соседи.
Има и поинакви мислења, некои соседи со кои разговаравме сметаат дека може да станува збор за девојче – нежно како пеперутка – кое е заљубено во непознато момче од соседството,
– Само нека се сакаат и дај Боже да има вакви убави работи што повеќе, сложни се жителите од Карпош 4.
Пораката денес доби одговор. Рачно нацртана и напишана на англиски јазик: “Добро утро. Ми недостасуваш”, пишува Вечер.
Тие беа одушевени и за експресниот одговор на девојката. “Ова мора да е голема љубов. Којзнае, можеби утре ќе се случи запросување”, коментираат соседите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа