Се расчистува патот за избори - законите од Пржино стигнаа во Собрание

 

Измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка и на Изборниот законик, денеска пред пратениците. Собранието на Република Македонија денеска во 14 часот и 30 минути ќе ја одржи 113. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на законите договорени страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување на предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Законите ќе се носат по скратена постапка, а предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Илија Димовски и Горан Сугарески, Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.

За 11 часот, пак, е закажана 109. седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања, како и секој псоледен четврток во месецот. 

 
 
28.07.2016 - 08:10
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа