ВИДЕО: Ќе умрам за неколку месеци но сум најсреќната жена на светот!
Џен Балик и нејзиното момче Џеф Ланг имале совршен живот и планирале да се венчаат се додека Џен за жал не добила рак на белите дробови.
На Џен и остануваат само четири до шест месеци живот, па затоа таа и Џеф решиле што поскоро да се венчаат и да уживаат во животот додека можат.
-Знам дека ќе умрам, но сепак сум најсреќната жена на светот, со солзи во очите вели Џен.
Џен вели дека не дозволува болеста да ја уништи и додава дека секој момент го живее со љубов кон животот и не се плаши од ништо се додека Џеф е покрај неа.