Андреј Петров: Црвенковски знаеше дека нема да освоиме повеќе од 3 општини
Црвенковски не е болен ниту разочаран или уморен. Тој се повлекува од лидерската позиција поради тоа што не се почитуваше неговата одлука за бојкот на изборите. Тој на повеќе форуми кажа дека ако одиме на избори, нема да освоиме повеќе од 3 општини“ . Ова генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров им го кажал денеска на насобраните граѓани пред Бихаќка, кои бараа Црвенковски да остане на чело на партијата. Тие бараа да им се обрати Црвенковски, но наместо него, Петров само им потврди дека одлуката на долгогодишниот лидер е конечна.