Викендов ќе се спасиме од здодевните комарци
Викендов на подрачјето на Град Скопје ќе почне четвртото прскање против комарци.
Како што соопшти Град Скопје, во сабота и недела ќе се прска авионски, од 5:30 до 10 часот, додека прскањето од земја ќе биде спроведено од недела до четврток, во период од 23 до четири часот наредниот ден.
Ако временските услови не ја дозволуваат аеросолната дезинсекција, авионскот третирање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа