Нови егзотични животни доаѓаат во скопската Зоолошка градина

 
Пингвини, слон, мајмуни, морски лавови и фламинго птици се само дел од егзотичните животни кои скопјани наскоро ќе може да ги откријат при посетата на Зоолошката градина во Скопје.
pingvini

За да се овозможи нивен престој, од Зоолошката градина во континуитет работат на реконструкција на постојните и на изградба на нови живеалишта. Веќе е потпишан договор за изведба на живеалиште за пингвините, за кое е предвидено да се одвојат околу 18,9 милиони денари. Напролет треба да пристигнат и пингвините од Виена.

ZOO Skopje 0101e

Во меѓувреме, од Зоолошката градина работат и на реконструкција и доградба на мајмунарата. Комплетно треба да се уреди и слонарата во текот на претстојната есен.

По исполнувањето на строгите услови за чување на слон, одговорните лица од Зоолошката градина очекуваат дека ќе успеат да донесат примерок од ова животно во Скопје.

Меѓу активностите кои вклучуваат градежни работи, од Зоолошката градина во наредниот период планираат да извршат адаптација на старото живеалиште на нилскиот коњ во мултифункционален едукативно-образовен центар.

 
 
20.07.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега