Срам и бламажа на ОБСЕ

 

Претставниците на ОБСЕ денеска добија ладен туш, откако подмолно се обидоа на полициските службеници да им подметнат како предавач лице кое е неколкукратно пријавувано за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир и кое изминативе месеци редовно ја предводи агресивната толпа која физички ја напаѓа полицијата и вербално ја навредува.

Полициските службеници кои го препознале Павле Богоевски, еден од најагресивните претставници на вандалските протести на СДСМ – СОРОС, во знак на револт ја напуштиле обуката организирана од ОБСЕ на тема „кривични дела од омраза“.

Претставниците на ОБСЕ останале со подотворени усти, наводно зачудени за реакцијата на полициските службеници.

Револтираните полициски службеници овој чин на претставниците на ОБСЕ го толкувале како обид за нивно лично понижување на македонската полиција. Во меѓусебните коментари откако напуштиле обуката, побарале жестока реакција до меѓународните претставници кои со ваквите акти ја понижуваат државата.

Тие гласно коментирале дека дрскоста во однесувањето на ОБСЕ е на исто ниво како на американската полиција и да се донесе за преведувач некој од оние кои пукаа на полицајците или ги каменуваат во протестите.

Политичките службеници го пренеле својот гнев и на своите колег, критикувајќи го безобразлукот на ОБСЕ кои не само што ги плаќале насилниците кои палеа, ограбуваа и се обидуваа да уриваат споменици, туку и истите им ги подметнуваат на полициските службеници како авторитети.

 

 

 
 
12.07.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа