Уапсен славниот кошаркар

 

Кошаркарот Дрејмонд Грин, ѕвезда на овогодишниот финалист на НБА, екипата Голден Стејт Вориорс и американски репрезентативец, е уапсен во местото Ист Лансинг во сојузната држава Мичиген.

Според телевизијата ЕСПН, Грин, кој престојувал во Мичиген бидејќи студира на тамошниот универзитет, е уапсен поради напад врз друго лице, но засега нема подробности за инцидентот. Локалната полиција го потврди апсењето.

Откако платил кауција од 200 долари, Грин бил ослободен. Но, ако Судот го прогласи за виновен, би можел да заработи казна од 500 долари и три месеци затвор.

 
 
12.07.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега