Жртва на масакрот си ја отвори душата: "Останаа само болни сеќавања"

Една од тешко повредените во крвавиот масакр кој се одвиваше во Србија, Милица Јовановиќ, ја раскажа потресната приказна која го зави регионот во црно.

Таа седела како и секој обичен ден во кафулето Макијато кога Синиша влегол и почнал да пука со калаш, бидејќи ја видел поранешната сопруга со другарка и друго момче на маса.

Таа е една од 20-те повредени лица во настанот кој е еден од најкрвавите во регионот.

Ранета е во десното рамо, и вели дека преживеала страшен хорор. 

- Сега е подобро, излезе од шок соба. Се жали на болки во стомакот, но наскоро ќе ја пуштат од болница, вели мајката.

Таа вчера на Фејсбук ја објави песната "Липе цвату" на која монструмот почнал да пука и да сее крв и страв.

Напишала дека остануваат само болни сеќавања, а нејзините пријатели на социјалните мрежи и посакуваат брзо опоравување и и пружаат поддршка.

- „Издржи со тебе сме“, се само дел од коментарите на Фејсбукот на младата Милица.

 

 
 
06.07.2016 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега