ФОТО: Градоначалникот на Град Скопје приреди Ифтар вечера

 

По повод светиот муслимански месец Рамазан, вчеравечер скопскиот градоначалник Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева организираа ифтарска вечера.

Како што информира Град Скопје, на ифтарската вечера што се одржа во хотелот „Стоун бриџ“, присуствуваа претставници од Град Скопје, членови на Советот, претставници од јавните претпријатија, културните институции и средните училишта кои се во надлежност на Град Скопје.

Ифтар е прекинување на Рамазанскиот пост по зајдисонце кај лицата од муслиманска вероисповед, поточно тоа претставува вечера за време на Рамазанскиот пост.

 
 
02.07.2016 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега