ВИДЕО: Мајка и нејзиниот 1-годишен син паднале од мост - тоа што го направила ја шокирало дури и полицијата!

Џенифер Данкан и нејзиниот син Даниел, кој има неполни година дена, односно 8 месеци се нашле на погрешно место во погрешно време.

Мајката и синот биле на мост, кога Џенифер во нејзината секојдневната рутина сакала да го остави Даниел во градинка, на пат кон нејзината работа.

Меѓутоа, мала случка на мостот имала поголеми последици по нив отколку што некој можел да очекува. 

Мислејќи дека е безбедна од автомобилите кои поминуваат, Џенифер, со синот, застанала зад автомобил кој бил паркиран пред местото на несреќата. Меѓутоа, еден автомобил со голема брзина удрил во тој паркиран автомобил и од силината на ударот, ги фрлил Џенифер и Даниел од мостот.

Држејќи го синот цврсто во прегратка, Џенифер направила се што можела за да го заштити Даниел од ударот во асфалтот, со висина од 9 метри.

Вчудоневидувачки, успеала да го заштити толку добро, што Даниел поминал само со гребаници. Меѓутоа, мајката поминала со тешки повреди. Нејзината нога била исечена под коленото и во болницата одлучиле дека мораат да и ја ампутираат.

Освен сериозната повреда на ногата, Џенифер ја скршила и карлицата, што резултирало со голем број операции, на кои морала да подлегне за да се опорави од несреќата.

Нејзиниот пат до опоравување е долг, но овој херојски чин, со кој успеала да го спаси животот на своето дете, а притоа и сопствениот, ја шокираше полицијата и јавноста и ги воодушеви сите оние до кои приказната за оваа храбра мајка стигна.

 
 
23.06.2016 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега