Трагедија: Две дечиња починаа откако нивниот татко ги заборавил во автомобилот

 

Две момчиња на возрасто од 18 месеци и 3 години починаа денеска откако нивниот татко ги оставил неколку часа во автомобилот среде топлотниот бран и огромните температури кои надминувале 35 степени на југот од Израел.

- Жителите на селото ал Сајед во пустината Негев виделе во автомобилот деца кои веќе ја изгубиле свеста, изјави портпаролот на Израелската служба за спасување.

Во Израел веќе неколку дена трае топлотниот бран и температурите во Негев во текот на денот надминуваат 35 степени.

Според медиумите, децата очигледно од дехидрација бидејќи повеќе часа поминале во автомобилот паркиран недалеку од училиштето во кое предава нивниот татко.

Тој таму ги оставил пред да отиде на работа, пренесуват медиумите.

 

 
 
22.06.2016 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега