Забранете им ја технологијата на децата помали од 12 гоини: Оддалечете ги еве зошто е важно тоа
Американската академија за педијатри и Канадското друштво за педијатри истакнаа дека децата до 2 години воопшто не треба да бидат изложени на технологија.
На ецата од три до пет години користењето на технологиите треба да им се ограничи на еден час дневно, а на оние од 6 до 18 на два часа дневно. Меѓутоа децата и младите ги користат 4-5 пати повеќе од препорачаното, често ова може да заврши со опасни последици.
Апаратите како мобилен телефон, таблет и електронски игрици драматично ја зголемија достапноста на децата, особено малите.
Поради тоа Крис Ровен, педијатар и новинар во Хафингтон пост истакнува, повикувајќи се на научни извори, 10 причини зошто технологијата треба да се забрани на децата помали од 12 години.
1.Брз развој на мозокот
До втората година, мозокот на детето се дуплира, а со брз раст продолжува и до 21 година. Раниот развој на мозокот дефиниран е со надворешни надрази, а преголемата изложеност на технологијата е поврзано со пореметување на вниманието, доцнење на когнитивниот развој, потешко учење, поголема импулсивност и намалена способност за самоконтрола.
2.Доцнење во развојот
Технологијата користи ограничени чекори, што може да резултира со доцнење во развојот. Едно од три деца денеска трга во школо со доцнење во развојот, што негативно влијае на писменоста и академските постигнувања.
3. Епидемија на здебелонст
Телевизијата и видео игрите преку повеќе истражувања покажуваат поврзаност со дебелината. Децата кои во своите соби имаат електронски уреди имаат 30 проценти поголеми шанси да бидат дебели.
4.Недостаток на сон
60 проценти од родителите не приметуваат дека децата им користат технологии, а 75 проценти од нив овие апарати ги имаат во собите. 75 проценти од децата од 9 и 10 години не спијат доволно и поради тоа имаат лоши оценки.
5.Склоност на ментални пореметувања
Прекумерното користење на технологијата се смета за една од причините за настанување детска депресија, тегоби, пореметувања на поврзаноста, пореметување на вниманието, аутизам, биполарно пореметување, психози и генерално проблематично однесување.
6.Агресија
Гледањето на насилни содржини може да предизвика агресивност кај децата. Во денешните медиуми и технологии, децата се изложени на физичко и сексуално насилство.
7.Дигитална деменција
Медиумите во кои кадрите се менуваат со голема брзина можат да допринесат за пореметување на внимаието, како и да ја нарушат концентрацијата и памтењето. Децата поради тоа не можат да се средат и да учат.
8.Развивање зависност
Што повеќе технологија родителите им дозволат на децата, тие се повеќе се отуѓуваат од нив. Во недостаток на поврзаност со родителите, децата можат да станат зависни од технологијата, што е случај кај едно од 11 деца од 8 до 18 години.
9.Зрачење
Во мај 2011 година, Светската здравствена организација ги класификуваше мобилните телефони и останатите безжични уреди во категоријата на ризик 2Б(можни канцерогени поради зрачењата кои ги емитуваат. Важно е да се знае и дека децата подложни на зрачењето, затоа што нивните мозоци и уминиот систем тек се развиваат.
10.Неодржливост
Начинот на кој ги одгледуваме децата и ги образуваме со помош на технологијата не е одржлив. Децата се нашата иднина, а нема иднина ако децата претераат со технологијата, заклучува Ровен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа