Стејт департментот: Македонија и Грција брзо да го решат спорот со името во интерес на евроатланската интеграција

Пред посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас во Вашингтон, Стејт департментот изрази надеж дека спорот со името меѓу Македонија и нејзиниот јужен сосед брзо ќе биде решен за доброто на сите, пренесе МИА.

- Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и на Грција ќе најдат взаемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот - одговори претставник на Стејт департментот.

Инаку, наредниот месец е предвидено Самарас да оствари средба со американскиот претседател Барак Обама.

ФОТО: Максим

најчитано сега