Проверете дали утре ќе останете без струја
Без електрична енергија утре од 9:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците на булевар „Александар Македонски“, објектите на универзитетот „Гоце Делчев“, Макошпед и АСУЦ „Боро Петрушевски“, во општина Гази Баба.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во периодот од 8:30 до 15:00 часот, ќе бидат и дел од корисниците од булевар „Борис Трајковски“ лоцирани на почетокот на рампа, реонот кај поранешната фабрика „Цветан Димов“ кон рампа, како и дел од корисниците од улица „Иван Козаров“ кон Тутунски Комбинат, во општина Кисела Вода.
Без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од улица „Козле“ од број 46 до број 54, во општина Карпош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа