Жерновски се сретна со амбасадорот Ивон

 

 Градоначалникот на општина Центар денеска се сретна со британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон.

Амбасадорот Ивон, како што се вели во соопштението од Центар, рекол дека со внимателност ги следи случувањата во општина Центар и понудил помош и целосна соработка.

На средбата двајцата соговорници размениле мислење и за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Ова е прва посета на Кристофер Ивон на општина Центар.

најчитано сега