Хаос на Партизанска, страшна сообраќајка: Матурант едвај совладан од полицијата

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол, во која неофицијално има и неколкумина повредени лица.

Несреќата се случила околу 21 часот веднаш до бензинската на Окта на булеварот каде четири моторни возила од засега непознати причини излетале од коловозот и удриле во банкината. 

До несреќата според зборовите на очевидците кои на лице место ги затекна екипата на Пресс24, дошло кога еден од возачите, најверојатно матурант, од засега непознати причини удрил водруго возило кое се движело во истата насока, а двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време возеле во истата насока.

На лице место по несреќата веднаш дојде амбулантно возило и полиција.

Според податоците до кои дојде СКопје Инфо, по карамболот кој настанат на Партизанска, предизвикувачот на несреќата се обидел да избега, а полицијата го совладала во Авто Команда.

 
 
20.05.2016 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега