Трамп наполни 78 години, Бајден вели: Годините се само бројка

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп денеска полни 78 години, а неговиот демократски ривал, актуелниот претседател Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи му порача дека годините се „само бројка“.

Среќен 78-ми роденден, Доналд. Слушнете го ова од еден до друг старец: Годините се само бројка“, рече Бајден на социјалната мрежа Х, заедно со кратко видео кое ги спротивстави неговите постапки и политики со оние на Трамп.

Тој додаде дека овие избори сепак се „избор“.

15.06.2024 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега