Лидерите на Г7 ветија дека ќе продолжат да обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина

Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска.

Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно“, пишува на веб-страницата на италијанското претседателство на Г7.

Г7 го поздрави одржувањето на мировната конференција за Украина во Швајцарија од 15 до 16 јуни и вети дека ќе работи на обезбедување максимална меѓународна поддршка за таканаречената „мировна формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

15.06.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега