Паднаа пресудите: Еве колку години затвор добија обвинетите во „Ќелија"

 

Затворски казни од две до 4,6 години им изрече денеска Кривичниот суд на обвинетите во случајот „Келија“.

Според одлуката на Судот, сите се виновни за  учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација.

И.Ф. доби казна затвор од 4,6 години, А.А. 3,1 година, Е.Р. четири години, а на И.М. и С.С. им се изречени по две години затвор.

Основниот суд Скопје 1, како што соопшти, ги прогласи за виновни сите пет обвинети, како што и тие самите, доброволно, се произнесоа во судницата.

Претходно на седницата на Советот за оценка на обвинителен акт одржана на 11 март годинава и преостанатите шест обвинети опфатени со истиот обвинителен акт, ја признаа вината за делата што им се ставаат на товар и се спогодија со обвинителството, а судот донесе пресуда врз основа на предлог - спогодба со која сите шест обвинети беа огласени за виновни.

За потсетување, големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија. Лицата се сомничат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ. Приведените се на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа.

Акцијата беше спроведена во август минатата година и ја потресе македонската јавност.

 
 
18.05.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега