Делови од Скопје без вода утре
Без вода утре и задутре од 9:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од село Визбегово, во општина Бутел.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради чистење и хлорирање на левата комора на резервоар во село Визбегово.
Прекин на водоснабдување утре од 8 часот ќе имаат корисниците на улиците „Петар Поп Арсов“ бр. 38 и „Теодосие Гологанов“ и „Христо Смирненски“ во општина Центар.
РЦУК по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација соопшти дека прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-6/4 на ул.„Петар Поп Арсов“ бр. 38.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа