Еден детал ќе ја открие вистината - кој е убиецот на пејачката на Гранд?
Убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ, како што е веќе објавено до последен здив се борела со напаѓачот кој со тап предмет ја удирал по главата и на бизарен начин и го одзел животот.
Според најновите податоци, се претпоставува дека под ноктите на Јелена останале траги од кожата на убиецот, бидејќи таа пружала голем отпор.
Полицијата очекува дека убиецот наскоро ќе биде во нејзините раце, по обдукцијата која ќе покаже и што точно се случило кобната вечер.
Според досегашните податоци, пејачката на Гранд го гребела по лицето и телото напаѓачот, па според анализите, ќе се утврди и неговиот идентитет.
Засега не е познато кој и поради кој мотив би ја усмртил младата мајка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа