Истрагата оди напред: Пронајдени траги од убиецот на Јелена
Под ноктите на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ пронајден е биолошки материјал, кои би можеле да помогнат во истрагата.
- Под ноктите на жртвата е пронајден биолошки материјал кој укажува дека Јелена се бранела од убиецот. Ова и тоа како може да влиаје на понатамошната истрага, затоа што на тој основ најкасно до утре ќе биде направена ДНК анализа- открива извор за курир.рс
Сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ е сеуште во притвор, иако два пати го помина полиграфот, затоа што претходно давал контрадикторни изјави.
04.04.2016 - 21:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа