Родителите бесни: Учебник за второ одделение со скандалозна грешка
Една сосема непримерна и скандалозна вежба е објавена во учебник по Англиски јазик во Хрватска. Учебникот за второ одделение го осудија многу родители кои се обидуваат да ги изведат децата на правиот пат и да им покажат кои се вистински животни вредности.
Со оглед на тоа дека родителите ги учат своите дечиња од мали да не судат само по надворешниот изглед туку да ја гледаат внатрешната убавина на човекот, етиката, моралот, доброто однесување и така натаму, сепак овој учебник поставил слика под која е напишано: "Кое девојче од фотографијата е убаво, кое грдо".
Оваа фотка ги збесна родителите кои сакаат да си ги воспитаат децата и да им всадат вредности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа