ДИК: Сите информации во медиумите за резултатите од вкрстените податоци се шпекулации

 

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека ги смета за шпекулации сите информации во медиумите во врска со наводни резултати од вкрстените проверки.

Љупка Гугучевска, советник во ДИК, изјави дека се очекува до утре да заврши дополнителната проверка на податоците од вкрстената анализа и дека се до официјалното усвојување на Извештајот од страна на ДИК ќе ги сметаат за шпекулации и дезинформации сите информации објавени во медиумите.

– Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Сите (вкупно 31) прашања се составен дел од Планот за вкрстени проверки, а тој е објавен на веб страната на ДИК на 25 февруари, изјави Гугучевска.

Таа нагласи дека веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже јавна седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.

 
 
17.03.2016 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега