Пропадна обидот со избирачкиот список - ЗНМ и синдикатот му отвараат нов пат на Заев за бегство од избори

Со здружени сили соросовите структури и експозитурите на СДСМ во новинарството ќе му го отвораат патот на Заев за бегство од изборите.
Откако на Бихаќка стана јасно дека избирачкиот список не може да биде аргумент за одложување на изборите, опозициската СДСМ преку своите експозитури ќе се обиде да ги врати измените во Законот за медиуми.

За таа намена, денеска, ЗНМ, т.н. Новинарски синдикат, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии повторно поикаа на измени во Законот за медиуми.

- „Како новинари сакаме да го преземеме нашиот дел од одговорноста, да работиме заедно со сите заинтересирани институции и да обезбедиме слободни и професионални медиуми. Претседателот има важни надлежности во надворешната политика и се грижи за добриот имиџ на земјава во светот. Во индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници и на Фридом хаус, Македонија е во друштво со африканските земји. Сакаме да работиме со претседателот, Македонија пред светот да ја легитимираме како слободна и демократска земја.
Без овие реформи Македонија нема да има ниту слободни и веродостојни избори, а нема да излезе ниту од политичката криза. Инсистираме САД и ЕУ да бидат вклучени во разговорите како и досега и нивниот предлог, базиран врз нашите ставови да биде основа околу која ќе се бара решението - изјави на денешната прес конференција, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Заедничко за сите овие организации е што се финансираат од СОРОС или пак со пари од странски амбасади и сите без исклучок важат за силно контролирани од СДСМ. Исто така, треба да се има предвид дека во ЗНМ и т.н. Новинарски синдикат не членуваат ниту 5% од новинарите кои што се вработени во телевизиите, а бараат да се менува законот токму за електронските медиуми, односно телевизиите.

Во таа насока реагираше и најголемото новинарско Здружение МАН.

„Македонската асоцијација на новинари(МАН) укажува дека ЗНМ и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми, бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон  за цензура на телевизиите.
Бидејќи над 90 проценти од медиумските работници во телевизиите се членови на Македонската асоцијација на новинари, МАН смета дека реформи во медиумскиот сектор не се потребни.
МАН итно бара ЗНМ и Синдикатот на новинари како експоненти на СДСМ, заедно со таа политичка партија да престанат да прават притисоци врз медиумите и да престанат да изигруваат цензор со што медиумите треба да им овозможат да дојдат на власт без избори.
МАН смета дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите што впрочем може да се види од настапите на членовите на ЗНМ и тн. Синдикат. “ – стои во соопштението на МАН

Опозициската СДСМ остана единствената партија која бара измени во овој закон, откако по одложувањето на изборите, останатите партии се договорија дека преговорите во врска со Законот за медиуми прекинуваат.

 
 
14.03.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа