Саздов: Спасовски го партизира МВР

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да одговори за вработувањата во Министерството, како и за случајот Едмод Адеми.

-  Случајот со Едмонд Адеми е последниот во низата груба партизација на Министерството за внатрешни работи, министерство во кое треба да се вработуваат професионални кадри со строги критериуми, рече на денешната прес-конференција Павле Саздов. Тој го праша генералниот секретар на СДСМ, сега и технички министер во МВР  да одговори дали го вработи Едмонд Адеми за да го спроведува, како што рече, крвавото сценарио поддржано и смислено од СДСМ.

Според Саздов, на истиот начин, без конкурс и без ден работно искуство во полиција, вработи партиски послушници и функционери на СДСМ. Ги псосчи ангажирањето на Магдалена Несторовска - претседател на советничката група на општина Карпош, Горан Трајановски кој бил претседател на комисијата за информатика при СДСМ, а Владимир Пивоваров во МВР е донесен од партиската комисија за безбедност при СДСМ....

Оливер Спасовски, истакна Саздов, се уште и должи одговор на јавноста и за ангажирањето на неговиот портпарол Тони Ангеловски. Според сознанијата, како што рече Саздов,  Ангеловски е вработен спротивно на законот и го нема потребното искуство од најмалку 7 години за да биде поставен на таа функција, началник.

Посочи и на смената на началници во МВР и поставувањето други блиски до СДСМ и додаде дека јавноста видела дека Спасовски нема  да ги почитува времените мерки кои што ги донесе Управнот суд.

- На очиглед на јавноста СДСМ и Оливер Спасовски, преку груба и насилна партизација, со рушење на принципите и системот на ова министерство, се обидуваат МВР да го стават во своја лична и партиска функција за извршување на веќе свои однапред планирани сценарија, а Едмонд Адеми е последниот во низата кој заедно со другите кадри на СДСМ треба да го спроведе ова, истакна Саздов на прес-конференција

 
 
03.03.2016 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега