Димков: СДСМ жестоко оди против војниците што ја бранат татковината
На денешната собраниска расправа пратениците се соочија со Законот за одбрана кој што треба да овозможи набавка на нова воена одбрана и други поволности на припадниците на Армијата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков од собраниската говорница ги запраша пратениците од СДСМ како ќе им објаснат на граѓаните дека не сакаат модернизација на АРМ.
-
Почитувани колеги пратеници, во ваше време ниту за Скопје 2014 ниту за ништо, ни за патишта, ни за земјоделие, ни за образование, а па најмалку за АРМ се изнвестираше. Жално е ова што го правите. Се работи за татковината, се работи за одбраната на Македонија, а вие си играте играчки. Мислев дека заеднички ќе го донесевме овој закон, а вие толку жестоко одите против ова. Во законот има што се одобрува на војниците, на офицерите да можат да си купат станови со поволни можностии вие им го одземате тоа право. На луѓето што ја бранат државата. Па нели вие срам? Како ќе излезете и утре ќе им кажете на граѓаните. Како вие, господине Даскаловски ќе одите во Струмица и на вашите војници ќе им кажете „Јас бев против да се изгласа да добиете субвенционирани станови“ ете тоа да им го кажете на граѓаните на Република Македонија. Како не ви е срам. Како вие планирате да одите? Така ли ќе ги мотивирате тие луѓе, па тие ја бранеа татковината 2001 година, тие стојат на браникот на татковината и ден денес, тие одат во Авганистан. Тука е проблемот, не се работи за ова или за она. Се вели во дел од законот дека војниците и офицерите на АРМ, ќе добијат повластени можности, Армијата мој дом проектот го знаете, а не одма умот ви оди во Скопје 2014, посочи Димков.
Димков во своето излагање усте еднаш ги повика пратениците од СДСМ да ги тргнат настрана дневно политичките препукувања и да ја дадат поддршката за овој многу важен закон за одбраната на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа