Судот не сака да ја утврди правдата

 

Никаде во светот не постои суд којшто избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда. Ете зошто сениорската група на Прибе сугерираше Поглавје 23 и 24, реформи во правосудството. Еве зошто во договорот од Пржино стои реформи во правосудството. Ова го нема никаде во светот, освен најверојатно во Северна Кореjа – изјави Заев по последното рочиште за случајот Пуч. Прашан на што ја темели оваа оценка лидерот на СДСМ рече дека судот свсно ја одолговлекува постапката „Затоа што под изговор на класифицирани информации, судот којшто не поседува сертификат за класифицирани информации, не го доставува предметот на Специјалното Јавно Обвинителство. Истотот Специјално Јавно Обвинителство коешто поседува сертификат за класифицирани информации. Тоа значи само едно, одолговлекување до бесвест за да Заев, Верушевски и другите ги сликаат пред судот, борејќи се за правда во пресрет на предвремените парламентарни избори. Никаде во светот не постои суд којшто не сака да утврди правда.“ – изјави Заев

 
 
02.03.2016 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега